Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби истакна дека ДУИ и коалицискиот партнер СДСМ се договорени за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места, на денешната прес-конференција.
– ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда. Ќе има и пет државни секретари – изјави Груби.
Тој објасни дека всушност станува збор за замена на ресорите, посочувајќи ги примерите на АД Пошта со МЕПСО и на Фондот на ПИОМ со ЈПДП, со цел да се зголеми продуктивноста и да се подобрат резултатите. Груби додаде и дека нема нови поделби на директорски места одговарајќи на новинарските прашања.
– Всушност тоа не е поделба, туку станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни – изјави Груби.
Предвидено е ДУИ да има заменици министри во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство, со што Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците-министри и на државните секретари.
Тој истакна и дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти.