Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализацијата на националните прашања, `и порача ДУИ на албанската опозиција.
– Поднесете оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не потценувајте ги Албанците. Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе со молби албанските барања да не се реализираат. Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова неумесно однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Поднесете оставка и ослободете ја опозициската сцена која многу години ја окупирате заради лични интереси. Албанците се одлучија за ДУИ и ние имаме обврска да се грижиме и за опозициските гласачи затоа што тие не гласаа за вас да останете на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО, туку да го застапувате албанскиот интерес и да не работите за нарушување и неуспех – велат од ДУИ.