Долниот дом на шпанскиот Парламент утринава го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот …

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Четврток, 27 февруари 2020

 

– Долниот дом во Мадрид утрово го ратификуваше пристапниот НАТО-протокол со 279 гласа за и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот! –  напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО која треба да го ратификува Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата.