Во овој значаен период за Македонија, дијаспората може да претставува инклузивен сегмент и да одигра позитивна улога во евроатлантските интеграции на земјата, беше речено на денешната средба на министерот Едмонд Адеми и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, Горазд Бартол.
На средбата, Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, го информира Бартол за активностите околу Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план кои наскоро треба да бидат усвоени од Владата и институционално имплементирани во наредните години.
Бартол истакна дека напорите на целата Влада и на сите министри се значајни за подготовка на земјата за пристапувањето во НАТО.
Стана збор и за други актуелни политички прашања во Македонија, регионот и пошироко.