За историјата ќе има разбирање само ако секој е подготвен да ги погледне сопствените грешки. Една сериозна историска комисија оттука натаму треба да се занимава само со настаните од средината на 20 век: бугарскиот фашизам и раниот југословенски комунизам, пишува бугарскиот професор Ивајло Дичев во неговата колумна за „Дојче веле“, нагласувајќи дека Софија има шест барања за Скопје.
Дичев пишува дека основото барање до Скопје е вклучувањето на Бугарите во уставот на Македонија“, што според него е клучот за подигнување на ветото.
– Според моите согледувања, тука е клучот за подигнување на ветото – нашите владетели ќе можат да се вратат со трофејот и да слават. Пред 20 години таму имало 1.400 Бугари, сега слушам дека се зборува за околу 3.000, што е три пати помалку од Власите. Но, се разбира, нема никакви пречки тие да бидат прогласени за малцинство во уставот во делот пред зборовите „и други“ – смета Дичев.