Вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров, денеска во Летонија ја почнува балтичката турнеја.
Во рамки на денешната посета на Летонија, Димитров ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.
– На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома – соопштија од кабинетот на Димитров.