Делегација на Македонија предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на 26. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка.
На Министерскиот совет министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе разменат мислења за работата и активностите на oрганизацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Словачкото претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем броја одлуки и декларации што се однесуваат на делувањето во трите димензии на oрганизацијата: политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија.
Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет и ќе ги претстави ставовите на Македонија за актуелните прашања на агендата на oрганизацијата. Воедно, на маргините на Министерскиот совет, министерот Димитров ќе оствари средби со високите претставници на институциите на ОБСЕ, како и со министрите за надворешни работи на земјите членки на oрганизацијата.