Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска приреди работен појадок за шефовите на ЕУ делегациите од земјава и регионот, кои престојуваат во земјава по повод нивното меѓусебно регионално советување, кое за прв пат се одржува во Скопје.
На работниот појадок присуствуваа и претставници на Службата за надворешни работи при ЕУ (EEAS) и Европска Комисија, како и на Министерството за надворешни работи.
– На состанокот се одржа отворена размена на мислења за состојбите после октомврискиот Европски совет и за можните идни чекори кои ќе претставуваат корист за и Регионот и за ЕУ – се наведува во соопштението на МНР за средбата.