Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на својот твитер-профил објави заедничка фотографија со министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров, по повод една година од потпишувањето на Преспанскиот договор.
-Една година, мој пријателе Никола Димитров- пишува Коѕијас во рамки на објавената фотографија.
One year my friend @Dimitrov_Nikola pic.twitter.com/PP5CBFy610
— Nikos Kotzias (@NikosKotzias) June 17, 2019
На оваа порака на Твитер возврати и македонскиот министер на надворешни работи, пишувајќи: „Направивме историја мислејќи на иднината мој пријателе“.
Пред една година, министрите за надворешни работи на Грција и Македонија на брегот на Преспанското Езеро потпишаа договор со кој се реши речиси триесетгодишниот конфликт меѓу Атина и Скопје околу уставното име на нашата земја.
Иако потпишувањето на овој договор предизвика бројни реакции од грчка и на македонска страна, особено кај политичките претставници од десницата, властите во Скопје и Атина цврсто застанаа зад тврдењето дека овој договор ги штити интересите на грчкиот и на македонскиот народ и обезбедува одржлива иднина за двете соседни земји.