Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Тетово оставри средба со градоначлничката Теута Арифи и повеќе видови средби со жители на градот со што започна активности во рамки на кампањата „За Европска Македонија“ која го поддржува договорот со Грција. Министерот на новинарско прашање дали е прерано да се оди со кампања, со оглед на 20–те законски определени денови, смета дека треба и повеќе време да се потроши на ова прашање.

-Некој вели доцните, некој вели преурането. Ние немаме избор. Имаме едно важно прашање за иднинат за држава и сите нас. Мислам дека за вакво прашање и 4 месеци да трае кампања добро би било. Секој граѓанин мора да знае каков е влогот, да ги расчисти сите дилеми. Ова не е лесно прашање, јас лично поминав низ тоа во процесот и сите прашања треба да се разјаснат кои се ризиците. Воопшто не мислам дека е преурането – рече Димитров по средбата со Теута Арифи.

Тој повтори дека за да спогодба да стапи на сила се потребни уставни промени.

-Ќе влезат на сила и останат на сила уставните промени, а потоа треба да има ратификација на спогодбата во Грција. Се е поврзано. Референдумот не е правен услов, туку можност. Рефендумот е потребен за политичка поддршка од граѓаните и да дојдаме до дво-третинско мнозинство да се затвори тоа прашање и топката да се префрли на другатат страна. Позитивното сценарио на референдумот е многу поверојатно од било кое друго- истакна Димитров.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи исто така смета дека граѓаните позитивно ќе одговорат на референдумското прашање.

-Големото да за референдумот значи перспектива и стабилност. Ние ќе бидеме членка на НАТО со големи и влиајателни земји и ќе ја имаме истата вредност, што мислам дека е  многу значајно. Локално процесот за граѓаните ќе им даде многу проекти и поквалитетен живот – рече Арифи.

Димитров на опозицијата и порача да се борат на економија и други области, но да не го доведуваат во прашање референдумот.

A.С.