Државната изборна комисија утре ќе одржи седница на која ќе се донесе заклучок за објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.
По завршувањето на оваа седница, ќе следи свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата за избраните пратеници.
Претходно денеска, Управниот суд ги одби сите тужби од политичките партии за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.