Бедри Фазлиу од ДУИ денеска доби уверение за пратеник издадено од Државната изборна комисија (ДИК). Тој во законодавниот дом доаѓа на местото на сопартиецот Фљорин Бесими. Фазлиу беше кандидиран во шестата изборна единица.
Уверението за пратеник издадено од ДИК треба да биде верифицирано од Собранието.
Собранието претходно ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.