До 18:30 часот на референдумот излегле 34,09 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, односно 589.631 гласачи, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.
Ова се податоци од обработените информации од 85 отсто од општинските изборни комисии.