Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас доаѓа во посета на Македонија кон крајот на месецов, при што ќе биде направен увид во спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека при посетата ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на евроинтеграцијата на Македонија.
Во МНР е формирана работна група за следење на спроведувањето на Преспанскиот договор, која вклучува и координатор, а која врши увид во реализацијата на обврските од спогодбата на неделна основа, како што истакна Османи.
На средбата со Дендијас предвидено е да се евалуира и исполнувањето на обврските кои со спогодбата ги има Грција.