Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш преку Твитер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, нарекувајќи го историски.
– Срдечно им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната улога за историскиот договор потпишан вчера во Преспа. Ги охрабрувам двете влади да ја продолжат нивната силна заложба за ратификација и спроведување на договорот. ОН се обврзуваат да ги поддржат нивните напори – напиша Гутреш на Твитер.
I warmly commend Prime Ministers @tsipras_eu & @Zoran_Zaev for their role in the historic Agreement signed in #Prespa on Sunday. I encourage their Governments to maintain their strong commitment to ratification and implementation. The @UN is committed to supporting their efforts.
— António Guterres (@antonioguterres) June 17, 2018