Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук објави порака со честитки за влегувањето на Македонија во НАТО, како и постигнатиот успех за почеток на преговори за членство во Европската унија.
– Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото – напиша Груевски на неговата официјална страница на Фејсбук.
Posted by Nikola Gruevski on Сабота, 28 март 2020
За жал, ваквите новости доаѓаат во време кога не можеме да се радуваме поради ситуацијата со коронавирусот, додава тој.
– За жал, овие добри вести дојдоа во историски тешко време, кога со право постои голема загриженост за здравјето и животите кај граѓаните. Но, светот и Македонија како дел од него ќе го помине и ова. Борбата и истовремено умешноста, е тоа да биде со помалку жртви и штети кои се закануваат да бидат огромни на ниво, а можеби и полоши од големата светска криза во 1929 година. И во развиените земји, а уште повеќе во Македонија, доцни масовното тестирање. Голем проблем! Чувајте го здравјето и внимавајте на себе – пишува Груевски.