За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и личниот интерес, им порача на пратениците од мнозинството, преку својот фејсбук-профил поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
– Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата волја, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника, објави Груевски на својот фејсбук-профил.
Според Груевски, се направило сè за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија, па неуставната двојазичност и конечно промената на името со марионетска влада и пратеници.