Македонија мора да се придвижи напред, повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани, вели поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна и доби азил во Унгарија, во неговата честитка по повод божиќните празници.
– Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне. Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава. Нека овој Божиќ донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели – порачува Груевски во дел од својата честитка, додавајќи дека Македонија треба да стане посакувана за живот, а не за заминување.
Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено…
Posted by Nikola Gruevski on Вторник, 07 јануари 2020