Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон.
Груби и Ветингтон на оваа средба разговараа за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори.
Груби истакна дека на Република Северна Македонија ѝ треба стабилност, предвидливост и дека оставката на премиерот Заев е избрзана.
Груби му порача на членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон дека на земјата ѝ е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува да ја зафати не само Северна Македонија туку и цела Европа, здравствената криза и не заборавајќи на продолжувањето на разговорите со Република Бугарија, но и строгото спроведување на Преспанскиот договор.
На крајот на оваа средба, Груби ѝ се заблагодари на американската „ИРИ“ што и понатаму е силен поддржувач на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон развојот и интеграцијата во Европската Унија.