Од ОИК Прилеп информираат дека денеска непречено се гласаа на 141 избирачко место. Во избирачкиот список во Прилеп се запишани 63.236 гласачи, кои имаат право на глас.
Претстедателот на ОИК Валентин Божиновски информира дека се појавил проблем со апаратите за идентификација кои не функционирале, па така се гласало со УВ-ламба и со спреј.
Вчера во Прилеп гласале околу 80 проценти од запишаните болни, затвореници, во старски дом и заболените од ковид-19. Ка.М.