фото: Зоран Антоски

Во општина Кичево според сите протоколи за ковид-19, во 7 часот беа отворени сите 113 избирачки места, на кои во текот на денот ќе можат да се изјаснат 50410 гласачи. Во текот на претпладнето од страна на ОИК беа посетени повеќе избирачки места во градот и во руралните средини.

– Во нашата општина сите 113 избирачки места беа отворени навреме, во 7 часот, и досега гласањето тече без проблеми. На овие избори право на глас во нашата општина имаат 50 410 граѓани. На сите гласачки места претходните денови беше извршена дезинфекција на просториите, а самото гласање тече според сите протоколи за ковид 19.Избирачките одбори и гласачите задолжитено носат маски и се одржува прописно растојание помеѓу гласачите, пред да влезат во просторијата за гласање. Во текот на денот од наша страна беа посетени повеќе избирачки места во зајашкиот регион и во градот и барем засега гласањето тече без забелешки. Претпладнето на одредени избирачки места, пред се во градот, имаше зголемен број на гласачи. Инаку во нашата општина имаме спојување на 7 избирачки места, поради недоволен број на избирачи во одредени селски населби, под 10 – рече Мире Ночески од ОИК за Кичево.

З.А.