Воин Божинов, бугарски историчар и член на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките, во своето интервју за бугарскиот медиум БНР посочи дека во Македонија има антибугарска хистерија со што македонизмот не е само идеологија, туку и ментално отстапување.
Според бугарскиот историчар, самодовербата на Македонија доаѓа од политичка класа која била создадена во Југославија, како и од фактот дека некои европски држави стојат зад македонската држава.
– Крајно време е земја како Германија да каже каква позиција зазема и јасно да каже дали стои зад членка на Европската унија или зад земја која е кандидат за Европската унија. Очигледно Германија има политички и економски интереси на Балканот. Проширувањето на ЕУ значи проширување на германското влијание во нашиот регион – вели историчарот Божинов, а пренесува БНР