ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Арсовска претходно најави дека ќе настапи како независна кандидатка на локалните избори во октомври.
– Избравме решение кое обединува, решение кое натпартиски ќе обезбеди компетентни луѓе. Токму затоа Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесоа одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска. Личност со импозантна биографија, докажани успеси во стопанството, жена која го предоди Сојузот на стопански комори – рече Мицкоски.
Тој рече дека Извршниот комитет донел одлука за уште десеттина кандидати за градоначалници на општини, но имињата ќе бидат соопштени утре.