ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за распуштање на Собранието на Република Македонија и за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како и барање за оставка на премиерот Зоран Заев и формирање на техничка влада, се главните заклучоци од денешните седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Како што информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Централниот комитет, барањето на партијата ќе биде доставено до Собранието на Република Македонија, а тој очекува премиерот Заев веднаш потоа да поднесе оставка и да се формира техничка влада.
– Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесе барање Заев веднаш да си поднесе оставка и да се формира техничка влада, како и иницијатива за распуштање на Собранието и одржување предвремени парламентарни избори на ист трошок со претседателските – изјави Мицкоски пред седиштето на Партијата.
Тој порача во наредните неколку дена СДСМ да донесе одлука за, како што рече, да можат да видат граѓаните кој бара избори, а моли Бога да не ги добие.
Нагласи дека ќе инсистира техничката влада да се формира по Пржинскиот модел, односно 100 дена пред изборите, и додаде дека не подготвен на компромиси за тоа прашање.