ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори излегува со најголем процент на комплетно нова генерација на политичари кои ќе создадат една нова понудата на ВМРО-ДПМНЕ за она што им е потребно на граѓаните во секоја општина, пред се просперитет, повеќе пари, сигурност и можности за создавање на иднина, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
– Во изборот на кандидатите за градоначалници се водевме пред се од мислењето на граѓаните, но исто така и она кое граѓаните го посакуваат за својата општина. Во предвид беше секако она што тие го посакуваат во својата општина. Ова се лицата со највисок рејтинг и поддршка од народот во населените места од коишто доаѓаат. Во предвид беше исто така земено и мислењето на партиското членство. На некои места одиме и со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, општественици, стопанственици, коишто се признати во својата средина и коишто можат да направат едно пошироко обединување. Целта ни е да креираме нова слика за политиката, нов бран и нова генерација на политичари коишто ќе работат за доброто на народот – истакна Николовски.
1. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода е Орце Ѓеоргиевски.
2. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште е Стефче Трпковски, кој е актуелен градоначалник на општината.
3. ВМРО-ДПМНЕ за Центар ќе оди со поддршка на кандидатурата на професор доктор Наташа Котлар.
4. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е Љупчо Папазов.
5. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината Петровец е актуелниот градоначалник Борче Митевски.
6. Во Илинден ВМРО-ДПМНЕ оди на победа со Александар Георгиевски.
7. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип е Иван Јорданов.
8. На победа одиме и во Велес, една исклучителна богата кариера стои позади Марко Колев.
9. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Радовиш е Ацо Ристов.
10. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Конче е Златко Ристов.
11. Во Босилово победата ќе ја однесе кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Манчев
12. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Валандово е Тони Узунов.
13. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Богданци е Марјан Пеев.
14. Кандидат за градоначалник за општина Дојран е Филип Дончовски.
15. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гевгелија е Андон Сарамандов.
16. Понатака во четвртата изборна единица на победа одиме во општина Неготино со Д-р. Горан Стојанов или како што го нарекуваат херојот на Неготино.
17. Кандидат за градоначалник во четвртата изборна единица во Демир Капија е Андон Донев.
18. Во општина Росоман на победа одиме со еден исклучително мотивиран човек Тихомир Николов.
19. Во Прилеп во четвртата изборна единица одиме на победа со доктор Борче Јовчески.
20. За општина Кривогаштани кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник е Александар Богданоски.
21. Во општина Могила одиме на победа со Драганчо Саботковски.
22. И во општина Новаци, последната за денес од четвртата Изборна единица, кандидат и нов градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е Стевче Стевановски.
23. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Вевчани е Спасе Кочовски.
24. Кандидат за градоначалник за општина Брвеница, кадешто во една тешка битка убеден сум дека ќе победиме е Јовица Илиевски.
25. Кандидат за градоначалник и нов градоначалник на општина Јегуновце, убеден сум, е Димитар Костадиновски за кој што не треба многу да знам затоа што кога се шетате со него по Јегуновце и по останатите населени места, нема човек којшто не го Знае.
26. И последниот кој што сакам да го преставам за денес е кандидатот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Во изборот на кандидатите за градоначалници се водевме пред се од мислењето на граѓаните, но исто така и она кое граѓаните го посакуваат за својата општина. Во предвид беше секако она што тие го посакуваат во својата општина. Ова се лицата со највисок рејтинг и поддршка од народот во населените места од коишто доаѓаат. Во предвид беше исто така земено и мислењето на партиското членство. На некои места одиме и со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, општественици, стопанственици, коишто се признати во својата средина и коишто можат да направат едно пошироко обединување. Целта ни е да креираме нова слика за политиката, нов бран и нова генерација на политичари коишто ќе работат за доброто на народот“, рече Николовски.