– Снегот кој наврна е само уште една од сите блокади што ја снајдоа Македонија. Како и секоја година, така и оваа, надлежните изненадени чиниш снег врне во месец август, а државата ни остана завеана и непроодна со наврнати само 20 сантиметри снег. – се вели во соопштението на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ
Според нив, не се исчистени магистралните и регионалните патишта, како и споредните улици и тротоари. Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ исто така забележува дека социјалните мрежи се преполнети со фотографии од неисчистени улици и прашалници од типот што работат градските татковци!
– Отежнато движење, судрени автомобили, зализгани пешаци….се наоѓа сè, освен она што се нарекува дежурна екипа или механизација! Рака на срце, екипите секојдневно тураа сол на улиците кога немаше снег, па денес најверојатно одмараат. Кој ни ја води државата и има ли некој волја да работи за доброто на граѓаните?!Првиот снег секогаш одново и одново ја открива и потвртдува неспособноста на власта! Минатата година Петре Шилегов потроши 1 милион евра за рентање на возила за чистење на снегот кој не падна, а сега – кога дојде снегот, Скопје е блокирано! За каква ли работа се превработуваат луѓе во јавните претпријатија, кога нема луѓе за да се справат со снегот! Можеби снегот ќе ги прикрие депониите, можеби ќе ги покрие кратерите по патиштата, но сигурно нема да ја прикрие неспособноста на градоначалниците!!! – се вели во соопштението до јавноста, став на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ