Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше на економските мерки на власта.
– Криминогената хунта за да има повеќе пари за министри, крати од пензиите. Криминогената хунта за новите институции и администрацијата за двојазичност, зема пари од пензионерите! Штом на Зоран Заев и на криминогената хунта им дојде до пензиите, јасна е сликата за економијата, за порастот, за „ЌЕ“ на Тевдовски, за инвестицискиот бум, за реализација на капиталните инвестиции.
Мила Царовска, јасно и гласно вели – или ќе ги замрзнеме пензиите или ќе работите до 67 години! Во превод нема пари во државата за пензии! Тоа се реформите препознатливи за СДСМ. Две години предупредуваме дека економијата пропаѓа, дека има само задолжувања, дека државата ќе дојде до степен да нема пари за пензии. Две години лажеа дека во согласност со изборната програма нема да има кратење на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање, туку дека ќе има можност за предвремено пензионирање до максимум пет години.
Две години со криминогената хунта нема пари, нема зголемување на пензиите, а сега и директно ќе земаат од пензионерите – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.