ВМРО-ДПМНЕ не гледа проблем за тоа во личните карти стои и етничката припадност.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања истакна дека има парламентарни партии кои што се обидуваат да го спречат тоа.
– Јас навистина не гледам зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, а некој тоа сака да го спречи. Зошто сака тоа да го спречи? Затоа што им пречеше македонскиот јазик, им пречеше Македонија, им пречеше АСНОМ, и што уште веќе не им пречи. Но, не им пречи да крадат и да пљачкаат од сопствениот народ – истакна Мицкоски.
Тој додаде дека дури и инсистира етничката припадност да стои на личните карти и смета дека нема потреба да се прават безпотребни филибастеринг процедури.
– Зошто да му слугуваме на Зоран Заев кој што има договор политички со БЕСА и сега бара преку некои странични други парламентарни партии кои што самиот кажа дека им обезбедувал ресурси и логистика пред избори да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, сега да нанесат штета на македонскиот народ. Зошто тоа што Зоран Заев го избриша со тој насилен договор кој што го донесе во Преспа, денеска ние да не го вратиме во Парламентот и во мојата лична карта да стои мојата националност и мојата етничка припадност дека сум Македонец. Што има тука спорно, меѓу вас претпоставувам дека има и луѓе од различни етнички припадности. Зошто тоа што го избриша Зоран Заев по насилен пад да не биде вратено назад во личните карти? Не гледам пречка во тоа – додаде Мицкоски.