Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека според нивниот аналитички штаб, во вториот изборен круг освоиле власт во 12 општини.

Според нив, градоначалнички места добиле во Скопје, Охрид, Битола, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново и Лозово.

Во Охрид, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, веќе прогласи и победа преку објава на социјалните мрежи. Во Скопје, од 24 отсто од пребројаните гласови, предност има Данела Арсовска, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се неофицијални информации, а пребројувањето од општинските изборни комисии и натаму е во тек.