ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе протестира во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.
– Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.
Протестите под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ќе почнат во 18 часот.