ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.
Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на ДУИ, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер.
Мицевски рече дека во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.
– Ова владејачко мнозинство нема да го поддржи предлогот Талат Џафери, по се она што се случуваше во изминатите 3 години. Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне – рече Мицевски.
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова пак истакна дека изборот на собранискиот претседател не треба да биде политчки пазар помеѓу владината колација кој треба да биде главниот чувар на Деловникот и процедурите.
– Јас сум една од оние што се борам за лимитирање на мандатите. Политиката не треба да биде функција туку занимање. Џефери е на функции веќе 19 години и мисалм дека тоа е предлого и затоа сум за лимитирање на мандатите. Се констатираше 117 седница имаше кворум и можеше на истата седница да се реализираат сите точки. Но, таа беше прекината затоа што немавте поддршка од 61 глас. Претседатлот мора да биде човек на Парламентот, а не човек на Владата – заклучи Силјановска Давкова.
И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.