Александар Даштевски е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија, потврди портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.
– Со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК – изјави Стоилковски.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а Собранието почна постапката за избор на нови членови.