ВМРО-ДПМНЕ го повикува лидерот на СДСМ и премиер на Р. Македонија Зоран Заев на ТВ дуел со Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Господине Зоран Заев, ајде излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски! Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со претседателот Мицкоски! Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ ДУЕЛ уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ ДУЕЛОТ и кога – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.