На три крстосници попладнево опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира сообраќајот, како што најави вчера претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Тој бара да биде објавен документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничката влада во Бугарија.
Блокади има попладнево на крстосницата помеѓу булеварот Гоце Делчев и булеварот Крсте Петков Мисирков (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу булеварот Св. Климент Охридски и улицата Св.Кирил и Методиј (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу улиците 11 Октомври и Филип Втори Македонски (Градска болница).
Се протестира и во други 10 градови во државата.
Блокадата траеше до 17 часот, а протести засега се најавени во истиот период до четврток.