Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, истакна лидерот Христијан Мицкоски.
– За жал поради политичката некултура којашто владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – додаде Мицкоски.
Според Мицкоски, сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план, рече тој, имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија.
– Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, сега следат реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки – кажа Мицкоски.