Кандидатот за претседател на Европската комисија од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер негира дека дал интервју за спорот за името.
– Целосно ја почитувам чувствителноста на грчкиот народ околу спорот за името со ФИРОМ. Немало интервју на оваа тема. Го почитувам ставот на Мицотакис и силно верувам дека ќе ја води Грција кон стабилност и просперитет преку справување со популизмот – напиша пред малку Вебер на Твитер.
На ова реплицираше новинарот Георги Готев од Еурактив каде беше објавена изјавата на Вебер.
– Ќе ја објавиме снимката – напиша Готев.
Еурактив објави дека Вебер изјавил дека е неопходно решение за спорот меѓу Атина и Скопје и отворање на европската перспектива за Македонија.
– На сите ми е јасно е дека прашањето за името на Македонија мора да се реши и да се овозможи позитивна економска и европска иднина”, кажа Вебер во изјавата за „Еуроактив“.