На иницијатива на комесарот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Оливер Вархељи, попладнево заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, учествуваше на координативната видеосредба заедно со колегите од регионот.
На состанокот беа разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување вакцини за земјите од Западен Балкан.
– Се рабои за дополнителни дози надвор од механизмот „Ковакс“ за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА-фондовите – соопшти Секретаријатот за европски прашања.