Македонската православна црква и црковното прашање биле едни од темите за кои, вчера во Атина, разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
– За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на црквата на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници, кои се во притвор во Одрин – соопштиле од атинската архиепископија.
Вселенскиот патријарх по средбата со Јеронимос се сретнал и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.
Средбите на вселенскиот патријарх Вартоломеј со грчкиот црковен и државен врв се одржаа на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.
П.Н.