Нашите позиции се кристално јасни, односно мора да се најде заеднички именител и со тоа да им го отвори патот на идните генерации, а решението е во согласост со Договорот за добрососедство од 2017 година, истакна специјалниот владин пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за емисијата за меѓународна политика „Светот и ние“ на „БНТ“, додавајќи дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настаните од Втората светска војна и односите со Југославија.
– Времето ќе работи за историската комисија, но немаме трпение таа да го трасира патот кон европската иднина – рече Бучковски.
Тој е убеден дека треба да се изгради пат помеѓу Скопје и Софија со којшто патувањето ќе се намали на два часа од сегашните четири часа, а посочи и дека македонската влада обезбедила 600 милиони евра за реализација на проектот за железнички поврзување помеѓу двете држави.