ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов продолжува со провокациите кон Македонија, но и кон останатите соседни. На 27 ноември 2020 година на официјалниот сајт на бугарската партија ВМРО-БНД беше објавено видео од обраќањето на д-р Милен Михов – заменик претседател на споменатата партија кој ја прочита декларација од името на параламентарната група „Обединети патриоти“ во бугарскиот парламнет по повод 101 година од потпишувањето на Нејскиот мировен договор. Покрај ревиизијата на историјата, говорот на Милен Михов во одредени моменти се граничи со територијални претензии кон соседите на Бугарија. Во горниот дел од видеото можеме да прочитаме „Нема да заборавиме, нема да простиме“, а во долниот може да се забележи лозунгот: „Западните покраини – засекогаш бугарски.“
Милен Михов во текот на својот говор пред бугарските пратеници истакна дека Нејскиот мировен договор е една егзекуција која е подготвена од Париската мировна конференција, а целиот договор го оцени како диктат на големите сили. Според заменик претседател на ВМРО-БНД балканските држави застанале на страната на победниците за да ги зачуваат освените бугарски земји од Втората балканска војна. Во своето обраќање, Милан Михов го потсети бугарскиот парламент дека договорот од 1919 година е „втора бугарска национална кататрофа“
Михов во својат интепретација на историјата забележа дека: „Земјите за кој Бугарија војува, Добруџа и Македонија е населена со над 1.400 000 души остануваат повторно во границите на Романија, Југославија и Грција. Од старите земји од царството се откинати… целите реони Царибродско, Босилеградско и Струмичко… 25 бугарски села се поделени на пола… Западна Тракија со 250.000 Бугари е предадена на Грција… Бугарија се третира како несуверена држава…“
Во однос на Македонија и македонскиот народ, тој ги повтори старите бугарски тези дека Бугарија сакала по мирен начин да го реши прашањето за бугарското малцинство но: „Ова прашање се отфрла од Белград кој ја прогласува Вардарска Макеоднија за Стара Србија и ја забранува употребата на зборот Македонија, а Бугарите ги прогласува за прави Срби.“
Михов не заборави да ја спомени и Грција, според него Атина потпишува договор со Бугарија за размена на население со што се поставува основата за иселување на Бугарите од Егејска Македонија, а подоцна и од Западна Тракија. Со што: „Бугарија е оставена да граничи со себе.“
Во однос на настаните поврзани со Втората светска војна, заменик претседателот на ВМРО-БНД истакна дека Бугарија успева да поправи една од неправдите со враќање на Добруџа по мирен пат. Меѓутоа победниците во војната ја возбновија Југославија во форма на федерална комунистичка држава од каде што прозилезе Народна Република Македонија, претходник на Сојузна Република Македонија, Република Македонија, Поранешна Југословенска Република Македонија и на денешната Република Северна Македонија на „антибугарска основа.“
На крајот од својот говор, Милен Михов истакна дека бугарскиот народ продолжува да ја плаќа цената на таа несправедливост. Наследниците на српските окупатори и на југословенските комунисти, денес определени како „длабоката држава“, продолжуваат да ги делат Бугарите. Тоа неможе да биде заборавено. Тоа неможе да не биде поправено.
Нејски мировен договор
На 27 ноември 1919 година беше потпишан Нејскиот мировен договор – договор помеѓу победниците во Првата светска војна и Царството Бугарија како претставник на поразените држави.
Според мировниот договорот, Бугарија требало: да ја предаде Западна Тракија на Антантата (која пак ја доделила на Грција на Конференција во конференцијата во Санремо), прекинувајќи го директниот излез на Бугарија во Егејско Егејското Море, Размена на население помеѓу Бугарија и Грција; Да отстапи површина од 2.563 км на својата западна граница со Кралство СХС; Да ја врати Добруџа, која според Букурешкиот договор била делумно отстапена на Бугарија и делумно на Централните сили на Романија, со што била вратена границата утврдена со Букурешкиот договор од 1913 година; Да ја намали својата војска на 20.000 војници; Да плати репарации од 100 милиони фунти; Да го признае постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.