Запазени се процедурите и постапките при поставувањето на бројчаникот на Триумфалната порта којшто е донација од премиерот Зоран Заев, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешната редовна прес-конференција во Владата, портпаролот Бошњаковски рече дека Заев како граѓанин на Република Македонија упатил барање за согласност за поставување на електронски екран и оти истиот е набавен лично од него.
– Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек – појасни Бошњаковски.
Информацијата колку чини бројчаникот, како што рече Бошњаковски, дополнително ќе им биде доставена на медиумите.