Политичката платформа „Македонски концепт“петар со својот предизборен караван денеска престојуваше во центарот на Прилеп, при што од лидерот Петар Богојески беше претставена нивната програма со која ја бараат довербата од граѓаните.
– Се залагаме за закон за политички партии, закон за влада, намалување на бројот на пратениците, но најмногу, за закон за финансиска лустрација за идните министри – рече Богојески.
На граѓаните им се обрати и носителот на листата за пратеници во ИЕ 4 Жарко Бошкоски.
– Слоганот на нашата кампање е „Ова е последна шанса“. Велиме последна шанса за да се направи нешто за нашата држава Како кандидат за пратеник реков дека повеќе време ќе поминам со граѓаните по изборите, отколку пред изборите. Тоа досега не го правеа останатите пратеници и граѓаните немаат такво искуство. Сакам да кажам дека јас сум кандидат за пратеник од Прилеп, гласајте за мене, бидејќи јас ќе се сретнам со вас, ќе бидам човек кој ќе ги решава вашите проблеми – рече Жарко Бошкоски, кандидатот за пратеник Бошкоски.
Ка.М.