Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на денешната трибина на ЛДП во Битола, меѓу другото истакна дека локалните самоуправи наместо само за барање пари, треба многу повеќе да размислуваат за изработка на проекти.
– Општините постојано се жалат дека немале доволно пари. Но од тоа што јас откако сум министер за локална самоуправа имам забележано, е дека најчесто на општините не им недостасуваат пари, туку проекти. Не можат да се делат пари без проекти. Иако во моментот имаше и пари и расположение од средствата за регионален развој за Битола да се издвојат 650.000 евра за изградба на затворен базен, а во неговата изгрдаба располжение да помогне покажа и АД ЕСМ, од Битола ни одговорија дека немале проект за изградба на затворен базен и парите најверојатно ќе пропаднат. Јас не можам да сфатам како во изминатите децении, ниту еден градоначалник на Битола не изработил проект за изгрдаба на затворен базен. Без проекти не можат да се користат не само буџетски пари, туку и пари од меѓународните фондови. Затоа треба општините да се екипраат со луѓе кои ќе изработуваат проекти за потребите на своите сограѓани, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на денешната трибина
на ЛДП насловена “Размислувај различно, размислувај европски“. М.М.