Поранешниот заменик-претседател на САД, Џо Бајден, го поздрави ратификувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Тој истакна дека земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа.
– Силно ја поддржувам одлуката на Сенатот со која се одобрува членството на Северна Македонија во НАТО. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа како целина и ние треба да ја поддржиме евро-атлантската интеграција на регионот – напиша Бајден на „Твитер“.
Американскиот Сенат во вторникот го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Сенатот гласаше со 91 глас „за“ и два „против“ од републиканските сенатори Ренд Пол од Кентаки и Мајк Ли од Јута.