Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување што го поднесе пратеничката група на СДСМ, го примил претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од неговиот кабинет.
По редовната понеделничка координација на Џафери со првите луѓе на пратеничките групи, ќе се знае кога ќе се расправа за барањето во Законодавно-правната комисија и во Собранието.
Пратеничката група на СДСМ денеска доставила барање за автентично толкување, како што соопшти пратеникот од оваа партија Костадин Костадинов, додавајќи дека барањето има цел да ги спречи најавите за „враќање на незаконската аболиција на Ѓорге Иванов“.