Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес во Тетово се сретна со Германската Амбасадорка Анке Холштеин.
Ахмети ѝ честиташе на Амбасадорката Холштеин за новата функција и се заложи за продолжување на блиското пријателство и соработка со Германија изразувајќи голема благодарност за досегашниот придонес на Берлин за нашата земја и регионот.
Изборниот процес од страна на соговорниците се оцени како демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и на Владата што поскоро.
Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на
институциите не смее да доцни.
Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нашите изборни ветувања.
Двајцата се договорија за продолжување на дијалогот и соработката и во иднина.