Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори, се наведува во партиско соопштение.
– Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на САД за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа – се вели во честитката на Ахмети.
Лидерот на ДУИ изразува и голема благодарност до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите 4 години.
– Нашето пријателство со САД е вечно – напиша Ахмети во честитката.