Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Станувало збор за „информативна средба, за да се слушнат ставовите на Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“
Денеска Ахмети имаше средба и со актуелниот коалициски партнер, Зоран Заев. Средбата била во Собранието, но детали не беа соопштени. Од СДСМ само потврдија дека Заев бил во парламентот откако го повикал собранискиот претседател, Талат Џафери, со цел лично да го информира за поставеното прашање за доверба на Владата и за понатамошните деловнички чекори.