Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше повикан во ОЈО на распит за трите поднесени кривични пријави против него, по основ на ширење расна, верска и етничка нетрпеливост.
Станува збор за фејсбук-статусите кои беа објавени на социјалните мрежи по парламентарните избори. Во изјава за медиумите, пред Обвинителството Апасиев изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со фејсбук статусите кои ја скандализираат јавноста.
Поради тоа, Апасиев, откако почна да добива закани за него и неговото семејство, очекува дека кривичните пријави против него ќе бидат отфрлени, а вели дека е спремен правдата да ја бара и до Стразбур. Тој, исто така, посочи дека следната недела планира да поднесе контра пријави против оние кои што го пријавиле, односно Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, но и известување за сторено кривично дело од страна на МВР.
Поради тоа, Апасиев вели дека гледа политички притисок, бидејќи поканите му биле доставени преку полицијата, а не преку вообичаените канали на комуникација.