Лидерот на Левица Димитар Апасиев од собраниската говорница побара претседателот на парламентот Талат Џафери да се врати во салата и да ја води седницата на која е предвидено да се гласа за доверба на Владата. Истовремено Левица побара дополнителна пауза од еден час, откако засега нема кворум за почеток на седницата.
Новото мнозинство најавено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба да обезбеди поддршка од 61 пратеник пред да се гласа за дневниот ред на седницата.